1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Постои надеж за прекин на огнот во Газа

30 април 2024

Уште нема одговори од Хамас и Израел по најновите преговори во Каиро,но постои надеж за примирје на Блискиот Исток. Според британскиот министер за надворешни работи Камерон, предлогот предвидува 40 дена прекин на огнот.

https://p.dw.com/p/4fKtM
Појасот Газа израелски војници
Постои надеж за пробив во преговорите за прекин на огнот во Појасот ГазаФотографија: Jack Guez/AFP

Без оглед што уште нема одговори од Хамас и Израел по најновите преговори во Каиро, постои надеж за примирје на Блискиот Исток.

Според британскиот министер за надворешни работи Камерон, предлогот предвидува 40 дена прекин на огнот.

По најновите преговори во Каиро за прекин на огнот во Појасот Газа, постои надеж за постигнување пробив, иако сѐ уште изостануваат реакциите на Израел и на Хамас. „Уверени сме дека предлогот ги содржи позициите на двете страни и се обидува да ги охрабри кон умереност, сега чекаме на конечната одлука“, изјави египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри на Светскиот економски форум во Ријад. „Има фактори кои ќе влијаат на двете страни...но се надевам дека сите се свесни за ситуацијата и за тоа дека не смее да има натамошни губења на човечки животи“. 

Одговорот на Хамас се очекува во рок од два дена

Делегацијата на Хамас доцна вечерта во понеделникот го наупшти египетскиот главен град за да се консултира со раководството на  радикално исламистичката организација  околу најновиот предлог, изјавиле двајца инсајдери од египетски безбедносни извори за агенцијата Ројтерс. Извршени се одредени измени во условите за конечен прекин на огнот во Појасот Газа, како и на барањата на палестинската група за израелско повлекување од Појасот Газа. Дефинитивен одговор на Хамас се очекува во рок од два дена.

Илјадници луѓе во Израел демонстрираа за договор за заложниците

Повеќе илјади луѓе во понеделникот вечерта протестираа во Тел Авив барајќи преговарачко решение за ослободување на израелските заложници кои се во рацете на терористичката организација Хамас.  „Рафах може да чека,  тие не“, стоело според медиумите на еден од транспарентите на протестот. На демонстрацијата зборувале и роднините на заложниците, апелирајќи до израелската влада да постигне договор за прекин на огнот и да ги врати заложниците. „Ние сме родители, кои сакаат нивните деца да се вратат дома“, изјавил таткото на еден киднапиран војник. На сметка на  премиерот Бенјамин Нетанјаху се изречени критики – доколку не ги врати заложниците, нивната крв ја има на своите раце.

Масовни протести во Израел за ослободување на заложниците
Масовни протести во Израел за ослободување на заложниците Фотографија: Ohad Zwigenberg/AP/picture alliance

Бајден притиска за договор

И американскиот претседател Џо Бајден се вклучи во преговарачките напори, притискајќи за склучување договор. Бајден во телефонскиот разговор со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани инсистирал „да бидат направени сите напори за да се издејствува ослободување на заложниците кои ги држи Хамас“, соопшти Белата куќа. Тоа засега е единствената пречка за прекин на огнот и  доставување помош на цивилното население  во Појасот Газа. Доколку Израел прифати договор, САД ќе се заложат тој да биде и почитуван, се вели натаму во соопштението. Бајден во раговорот со ал-Сиси освен тоа истакнал дека Палестинците не смеат да бидат протерани во Египет или на друго место настрана од Појасот Газа. Портпаролката на американскиот претседател, Карин Џин-Пјер претходно побара од Хамас да даде согласност за предлогот за примирје во војната во Газа. „Во изминатите денови се постигнати нови напредоци во разговорите и сега одговорноста навистина е кај Хамас. На масата е понуда која мора да ја прифатат“, изјави таа.

Камерон: Понуда за 40-дневен прекин на огнот

Според британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, на Хамас му е направена понуда за 40 дена прекин на огнот. За возврат за ослободување на заложниците од власта на Хамас освен тоа „можно е ослободување на илјадници Палестинци од израелските затвори.“ Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен, кој во моментов се наоѓа во регионот, оцени дека ова претставува „многу, многу великодушен“ предлог од страна на Израел.